Земјотресот со јачина од 7,5 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди брегот на Камчатка, на рускиот Далечен исток, не предизвика штета, а мина и опасноста од цунами, соопштија локалните власти.
Потресот се случи на длабочина од 88 километри западно од областа Николскоје, а епицентарот бил на длабочина од 33 километри.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами претходно објави тревога од цунами во радиус од околу 200 километри од епицентарот.