Претседателот на САД Доналд Трамп нема да го потпише законот за финансирање на федералната влада, одобрен од американскиот Сенат, изјави за новинарите претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан, по средбата со шефот на државата.

Рајан рече дека Трамп смета оти каков и да е договор за буџетот, треба да ги опфати и трошоците за обезбедување на американската граница.

Републиканците во Претставничкиот дом се сериозно загрижени во врска со финансирањето на ѕидот на границата со Мексико, но сакаат владата да продолжи да работи, рече Рајан пред истекот на крајниот рок во петокот на полноќ.

Одлуката на Трамп да не го потпише привремениот закон за буџетот го зголемува ризикот од „затворање” на владата пред Божик.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 02:33