Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација.

Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година.

Поезија од Конески по свој избор, како и стихови од сопственото творештво, ќе читаат писателите: Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски, Ана Мартиноска, Атанас Чуповски, Магдалена Хорват, Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Јулијана Величковска, Живко Гроздановски и Драгана Евтимова.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 07:49