Во Кинотека на Македонија денеска беше отворена традиционалната ликовна манифестација под мотото ,,Творење и креирање на дела од отпад од пакување“.
На манифестацијата со свои творби учествуваа 243 млади ликовни уметници од основните училишта во Македонија, кои во соработка со ликовните педагози, изработија и презентираа скулптури и ликовни дела направени од отпад од пакување.
Изложбата се одржува под покровителство и спонзорство на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еуро-Екопак“ ДОО Скопје, во соработка со Детскиот Ликовен Центар – Скопје.
Наградени се најдобро оценетите групни и индивидуални творби.