Оваа година е најтоплата во европскиот дел на Франција откако се започнати метеоролошките мерења во 1900 година, соопшти Метео Франс во својот прв годишен извештај, јави дописникот на МИА.

Просечната годишна температура, од речиси 14 степени Целзиусови, изнесува 1,4 степени над референтниот просек во периодот 1981-2010, наведува Метео-Франс.

Оваа разлика ја прави 2018 година најтоплата година во Франција од почетокот на мерењата кои започнаа во 1900 година, пред 2014 година (+ 1,2 степен) и 2011 година (+ 1,1 степен).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 20:03