Лондонскиот аеродром „Гетвик“ продолжи со работа по краток прекин на летовите поради непотврдени информации за дрон во околината.

Летовите продолжуваат да сообраќаат според возниот ред по проверката на информациите, изјави портпаролка на аеродромот.

Претходно од аеродромот соопштија дека летовите се откажани поради сомнеж дека над пистата има дронови.

Аеродромот „Гетвик“ денеска беше отворен, откако вчера беше затворен повеќе од 24 часа поради дронови, кои летаа над пистата, оставајќи десетици илјади патници блокирани на аеродромот во екот на претпразничната сезона.

Британската полиција и сообраќајните служби соопштија дека преземаат дополнителни безбедносни мерки за да ги спречат дроновите да дојдат до аеродромот.

„Гетвик” годишно опслужува повеќе од 43 милиони патници.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2018 01:10