Скопје синојќа беше деветти најзагаден град во светот, покажуваа резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.

Мерните станици покажуваа дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.

Најзагаден воздух, според апликацијата „Мој воздух“, во 19 часот беше измерен во „11 Октомври“, односно 230 mg/m3. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.

Мерните станици за мерење на ПМ10 веќе подолго време не работат во Гази Баба, Лисиче и Ѓорче Петров.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2018 01:57