Во рамки на годинашната прослава на Бадник денеска во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно) традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2019, што по 27-ми пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

На скопјани ќе им биде обзнането дека се е подготвено за централното одбележување на Бадник, на 6-ти јануари 2019 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Неделната средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумот и здравичарот-Љупче Николовски и Миливое Алексиевски минатогодишниот кум и здравичарот-Влатко Огненовски и Стефан Хаџи Николов, а потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари,поканети гости и членови на естрадата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2018 10:46