„Точно на полноќ“ е насловен вечерашниот гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија, на кој ќе бидат изведени популарни дела од класичната музика.

-Тие ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност…, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ…, соопшти Филхармонијата во најавата на концертната програма.

Диригент на концертот е Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како дуо кларинети Гурфинкел, кои веќе се етаблирани меѓу најзначајните современи музички уметници.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 10:35