Македонската ракометна репрезентација ќе се одигра пријателски натпревари со Србија во рамки на подготвителниот период за Светското првенство во Германија и Данска.
Натпреварите ќе се одиграат на 4 и 5 јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Првиот е закажан за во 20 часот и ќе биде од отворен тип со слободен влез.
Вториот натпревар ќе биде од затворен тип.
Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да дадеме поддршка за претстојното СП 2019, стои во апелот на РФМ.