Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на доделувањето на наградите и признанијата на најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa на Град Скопје за 2018 година и го додели Признанието на најуспешниот спортист за 2018 година – пливачот Евгениј Поп Ацев.
Градот Скопје традиционално се грижи за своите спортисти, Градот внесува новини особено кога е спортот и младите во прашање, а оваа година за првпат за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, обезбедивме стипендии за осум месеци во текот на учебната година. Сакаме колку што можеме скромно да го помогнеме развојот на спортот и кај младите генерации да направиме едни навики на поздрав живот и спортска култура. Се надевам дека тие млади луѓе во кои вложуваме во следните години ќе постигнат значајни спортски успеси и на домашни и на странски натпревари, особено како што тоа знаат да го направат скопските екипи. Ви честитам на годинешниве успеси, особено на спортистите, а на сите тренери и спортски работници сакам да Ви се заблагодарам за ангажманот за тие да постигнат извонредни резултати на европски и на светски натпревари – рече денеска градоначалникот Шилегов.
На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.
Категорија најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
Евгениј Поп Ацев - Академски Пливачки клуб Студент 3 место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на ранг листа на меѓународната пливачка федерација Бобан Илиоски - Кикбокс клуб Шампион Сребрен медал Светско првенство маитаи, Канкун - Мексико Дејан Недев - Карате клуб Работнички Двократен шампион на Европа во кати и кумите за сениори на Европски Шампионат, Белград – Србија Стојанче Стоилов - АД Ракометен клуб Вардар 1 место во регионална СЕХА Лига; 4 место во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на Шампионите 11 место на ЕХФ ЕУРО 2018 во Хрватска со репрезентација на Македонија Дејан Георгиевски - Таеквондо клуб Бутел Бронзен медал Европско првенство У21 , Варшава – Полска Сребрен медал Медитерански игри, Тарагона – Шпанија Златен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија Златен медал Европски Таеквондо Игри, Пловдив - Бугарија Ненад Келебиќ - Карате клуб Цветан Димов Бронзен медал на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија Дарио Ивановски - Здружение Атлетски клуб Работнички 1 место на Белградски полумаратон; 1 место на Виз Ер Скопски Маратон; 10 место на 1.500 метри на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија; 4 место на 3.000 метри на Балкански игри на отворено, Стара Загора – Бугарија; 14 место на 1.500 метри на Светско првенство во сала, Бирмингем – Велика Британија Фати Вејсели - Здружение Боречки клуб Лирија 2010 5 место на Светско првенство за јуниори, Трнава – Словачка; 10 место на Европско првенство за сениори до 23 години, Истанбул Турција; 2 место Балканско првенство за јуниори, Тирана - Албанија Адријана Поп Арсова - Маратон клуб Делта 3 место Скопски маратон 4 место Маратон, Подгорица 10 место Маратон, Холандија 1 место полумаратон, Грција 4 место полумаратон, Грција Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички 9 место на Медитерански игри 400м со пречки 5 место на Балканско Првенство – 400м со пречки
Категорија најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени)
Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик Бронзен медал на Младински Олимписки Игри во Буенос Аирес 2 место на Европско Првенство во Сочи, Русија Анамарија Георгиевска - Таеквондо клуб Бутел Бронзен медал Светско Јуниорско Првенство, Тунис Сребрен медал Софија Опен Г1, Софија – Бугарија Бронзен медал Турција Опен Г1, Турција Сребрен медал Балканско Првенство, Букурешт – Романија Хамза Јашари - Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки 3 место на Европско првенство за кадети Викторија Варадинова - Кикбокс клуб Шампион Бронзен медал на Светско првенство Кик бокс, Лидо Ди Јесоло - Италија Абдурахим Идризи - Карате клуб Макпетрол Златен медал на Светски Младински Карате Куп, Умаг – Хрватска Златен медал на Балканско Првенство за кадети, јуниори У21, Дубровник – Хрватска
Категорија најталентиран млад спортист - кадет Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010 2 место на Европско првенство во борење - кадети Најуспешен тренер Бошко Заборски - Карате клуб Макпетрол Најуспешна спортска екипа од Скопје АД Женски Ракометен клуб Вардар 1 место во Женска регионална СЕХА Лига; 2 место во ЕХФ Лигата на Шампионите Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје Иван Чупиќ - АД Ракометен клуб Вардар 1 место Регионална СЕХА Лига 4 место ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на Шампионите Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби Стоилко Стоицев - Здружение Планинарски клуб Македон Оваа година успешно го искачи највисокиот врв во Европа Елбрус 5642 метри, и стана првиот Македонец како лице со хендикеп (лице со оштетен вид) што го има искачено врвот. Признанијата за најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa за 2018 година ги доделува Градот Скопје, а технички организатор на манифестацијата е Сојузот на спортови на Скопје. За оваа традиционална манифестација Град Скопје издвојува 300.000 денари. На доделувањето на наградите присуствуваше и Дарко Каевски, директор на Агенција на млади и спорт.