Изложби, поетски читања и други манифестации се дел од меморанудмот за соработка меѓу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и меѓународни уметници, што денеска беше потпишан во Струга.

Меморандумот го потпишаа директорката на Центарот Николина Велкоска Глигороска и Лида Шарафатманд од Малта, претставник на меѓународните уметници.

Од почетокот на идната година, како што најави Велкоска Глигороска, во Центарот за култура ќе се реализира богата културна програма.

-Во текот на програмата ќе бидат претставени уметници од целиот свет со свои слики, уметнички дела, поезија и.т.н. Лида Шерафтманд ќе има изложба на свои дела во Центарот за култура, а потоа истата поставка ќе биде изложена и во Њујорк. Планирана е и заедничка Манифестација на меѓународни уметници со уметници од Република Македонија, изјави Велкоска Глигороска.

Целта на Меморандумот, додаде, е проширување на соработката на Центарот за култура со културни здруженија и културни работници не само од Македонија, туку и пошироко.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 00:28