Првоодделенците од седумте основни училишта во општина Бутел денеска добија новогодишни пакетчиња.
Од општината информираат дека биле поделени 1.000 пакетчиња, а градоначалникот Велимир Смилевски им посакал среќни и весели празници.
За првоодделенците била организирана и новогодишна претстава „Во светот на бајките" во големата сала на општината.