Годината што изминува беше една од поуспешните за ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија кој вечер со Новогодишен концерт ќе се претстави пред гевгеличани во салата на Народниот театар.
–Играта и песната ја изнесуваме од срце, а сите заедно сме едно големо семејтсво. Со ова наше мото ги покануваме сите љубители на фолклорот да дојдат на Новогодишниот концерт на кој ќе презентираме дваесетина кореографии и песни меѓу кои и една нова игра наречена „Беломорски бисер“ како и две песни со кои ќе се претстави пејачката група, велат од ансамблот.
Со својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор, годинава ансамблот „Бојмија“ освои Гран При на етно фестивалот во Свети Николе, трето место на меѓународниот фестивал во Бурса,Турција каде настапија ансамбли од 26 земји и трето место на меѓународниот фестивал во Хасково, Бугарија кое го освои детската група на ансамблот.