НУ театар Комедија ќе ја заокружи работната година со претставата „Нема да платам“ од Дарио Фо, во режија на Александра Кардалевска.

Претпремиерата ќе се одржи денеска, а премиерата на „Нема да платам“ е утре.

– Сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов, соопштија од Театар Комедија.

Улогите ќе ги толкуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

– Политичката сатира „Нема да платам“, на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството, наведуваат од Театар Комедија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 16:30