Во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска беше изведена детската претстава „Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија”. Претставата беше изведена во соработка со Театарот при Домот на културата „Иван Мазов-Килиме“ од Кавадарци по повод доаѓањето на Новата 2019 година.

-Оваа претстава е направена за најубавата публика – децата. „Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија“ раскажува за желбата да се биде поинаков, истовремено раскажува за алчноста и покорноста, за поентата да ја извлече во добрата мисла на главните ликови во претставата. Дедо Мраз и неговата екипа се овде да дадат прилог кон свечениот момент, посветен на радоста која ја носат новогодишните и божиќните празници. Претставата е прилагодена на деца/ученици од прво до петто одделение, вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот на култура во Кичево.

Претставата е работена според оригиналниот текст на А.С.Пушкин, во адаптација и режија на Микица Илова. Играа Микица Илова, Диме Коцевски, Розе Милкова, Александар Стојанов, Тања Иванова, Викторија Данова и Благица Илиева.

Плакатот за претставата е изработен од Билјана Соколова Тодоровска, сценската поддршка е на Диме Темков, а одговорен за музиката и светлото е Марјан Тодоровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2018 17:41