Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–Интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје.

- Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје, извршија вонредни контролни мерења на 4 инсталации што подлежат на Б–Интегрирана дозвола, како и на 4 субјекти што подлежат на Eлаборат за заштита на животната средина. При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај 4 инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина – одговори Шилегов на вчерашната седница за советнички прашања.

Дополнително, Секторот Инспекторат воведе и сменско работење (дежурства) кое започнува од 6 часот наутро, како и после полноќ, се до раните утрински часови, како и за време на викендите, сé со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2018 11:38