Порталот „Јаху Ентертејнмент“ објави листа со 10 најлоши филмови во 2018 година.

10. „Jurassic World: Fallen Kingdom“

Публиката очекуваше продолжението да биде софистицирана, надградена верзија на мегахитот од 1997 година, но наместо тоа, сега носталгијата кај обожавателите е само поголема. Иако идејата за генетски модификувани диносауруси како потенцијално воено оружје, не е воопшто лоша, не е докрај реализирана, оценуваат критичарите.

9. „Skyscraper“

Прилично неоригинална, бледа копија на „Умри машки“.

8. „Death Wish“

Најголема забелешка на критичарите за овој филм е дека тој содржи многу елементи на пропаганда за огненото оружје. А, филмот се појави во периодот кога се случи пукањето во средно училиште во Паркланд, Флорида, при што 17 ученици беа убиени.

7. „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald“

3абелешките тука се многукратни – недостаток од насловните „фантастични ѕверови“, искривување на волшебничкиот свет, кражба на идеи од „Војна на ѕвездите“ и ангажирањето на Џони Деп.

6. „The Predator“

Според критичарите филмот е неоригинален, не кажува ништо новое и приказната мора да заврши, а не да има продолжение.

5. „The Cloverfield Paradox“

По одличното прифаќање на претходните два дела кај публиката, третиот филм е вистинско разочарување. Сите добри идеи се исцрпени, па ни онаа за паралени димензии не го промени тој впечаток.

4. „Robin Hood“

Стрелите на Роб Худ, како што го викаат насловниот лик, и фустаните на Мари-Ен се премногу современи и софистицирани за една средновековна приказна.

3. „The Happytime Murders“

Идејата за решавање на убиството на лик од Мапет шоуто, резултираше со здодевен хумор и уште понеинтересна приказна.

2. „Gotti“

Обожавателите на мафијашки филмови очекуваа ова да биде „Кум“ или „Добри момци“ , но многумина останаа разочарани.

1. „Life Itself“

Lошо замислена, претерано натрупана, предвидлива и најлошо од сè – манипулативна драма за приказна за семејство чии основачи се од две различни држави. Освен тоа, насловот е украден од документарец од пред неколку години, нагласуваат критичарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 01:35