Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, денеска е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот дел денеска почнува во 18 часот со настап на хорот на СУГС „Орце Николов“ и со улични забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе бидат објавени резултатите од натпреварот во изработка на скулптури од дрво.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Kepurdhat“, а продолжува во 22 часот со настапот на Ѓоко Танески. Богата музичка програма ќе заврши со настапот на „Big Mama“ со почеток во 23 часот.

Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 14:18