Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Роберто Парондо, во интервју за клупскиот сајт ги искажа своите видувања за постигнатото на „црвено-црните“ во годинава што изминува.

Имавме проблеми со повреди и секао дека и тоа имаше влијание. Пред почетокот на сезоната при рангирањето на тимовите Вардар го немаше на листата, а играчите за тоа зборуваат и сакаа да покажат дека тоа е грешка. Така и беше имавме одличен почеток на сезоната. На последниот меч од СЕХА лигата во Букурешт игравме без осум играчи. Тоа не е најдобриот тим. Последните три мечеви сакавме да им дадеме шанса на сите, бидејќи се гледаше заморот. Сезоната е долга и ни требаат сите играчи. Треба некогаш и да се мисли на тимот да може да се издржи целата сезона да се одигра доволно да се победи, вели Парондо. Посочи дека одбраната на тимот му создавала најмногу предизвици.

Неколкумина играчи што играа одбрана си заминаа, а новите што дојдоа не играле на тие места. Затоа требаше да се усогласат сите работи, да се најде место за секој играч. Сакавме сите да бидат подготвени што е можно побрзо и подобро. И мислам дека добро успеавме иако нормално секогаш треба да се работи, истакна меѓу другото, предводникот на Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2018 16:31