Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.

Во пресрет на новогодишните празници, овој викенд е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.

За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.

Програмскиот дел денеска почнува во 12 часот со детската претстава „Земја во која не се стигнува“, како и со улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.

Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со Дарио, а продолжува во 22 часот со настапот на „New Blue Trio“.

Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“.

Со почит, Град Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 13:05