Првата новогодишна честитка настанала и била испратена во Англија во 1843 година. Џон Калкот Хорсли ја испечатил за неговиот пријател, Сер Хенри Кол, кој всушност му ја дал идејата.

Сер Хенри Кол, богат англиски бизнисмен, сакал да има картичка, која ќе може гордо да им ја испрати на своите пријатели и соработници за да им посака Среќен Божиќ. На картичката било претставено типично англиско семејство кое ужива во празниците и им помага на сиромашните, што било значаен дел од викторијанскиот божиќен дух. Илјадници копии од картичката биле испечатени и се продавале по цена од еден шилинг. Ова е првата новогодишна честитка што се печатела и се продавала низ широката народна маса.

Еве уште неколку интересни факти поврзани со новогодишните честитки

– Во 1846, 1.000 честитки со истиот мотив како првата создадена новогодишна честитка, биле продадени по цена од еден шилинг во Ризницата на Феликс Самерли (под кој псевдоним всушност се крие Сер Хенри Кол) на улицата Бонд.

– Поштарите во викторијанска Англија, меѓу народот биле познати како „robins“ (црвеношијки), заради нивната униформа во црвена боја.

– Најчестиот мотив на викторијанските честитки бил поштар што носи Божикна пошта.

– Во 19- от век, Британската поштенска служба имала обичај да ги испраќа честитките на Божиќното утро.

– Првата Божиќна поштенска марка настанала во Канада, во 1898.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2018 17:50