Поранешниот светски шампион во бокс во пет категории, Флојд Мејведер ќе добие 9 милиони долари за борбата со Теншин Нацукава.

Егзибициската битка ќе се одржи во новогодишната ноќ во Сајтама (Јапонија) во рамките на галавечер, организирана од „Ризин“, и ќе биде по правилата на професионалниот бокс. Дуелот ќе биде во три рунди од по три минути, а резултатот нема да влезе во статистиката на натпреварувачите.

– Ако ви кажам дека ќе заработам 9 милиони долари за 9-минутен спаринг во Токио, ќе го направевте ли истото, ако бевте на мое место? Сакам да го наречам ова 9-минутна прошетка, напиша Флојд на Инстаграм.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 12:48