Само две победи во Мадрид го делеа Данил Медведев од седмиот триумф на Мастерсот - по елиминацијата на Карлос Алкараз и Јаник Синер, тој беше највисоко рангиран учесник - но судбината не сакаше така.
Четвртиот тенисер во светот се предаде откако го загуби првиот сет против Чехот Лехечка со 6:4.
- Ногата одби да работи. Ја почувствував болката во моментот кога направив ретрн. Тој одигра сервис волеј, ја скрати топката, а јас тргнав напред. Се обидов да забрзам, но наеднаш почувствував како ми се заглави колкот. Не можев да спринтам, како кога чувствувате грч или искривување. Јас самиот не знам кое од овие две е точно, изјави Медведев.
Повика физиотерапевт, но третманот не помогнал.
-Го прашав дали состојбата може да се влоши, ми рече дека може ако е исчашување, но не може ако е грч. Се обидов да трчам кон мрежата, не почувствував болка, но сфатив дека е подобро да не ризикувам ништо, исакна Русинот за повредата.
За Медведев повредата дојде во незгодно време. Не само затоа што имаше шанса за прв пат да стигне до финалето во Мадрид, туку уште повеќе затоа што следната недела ја брани титулата во Рим.
-Нема сомнеж дека моето учество таму е доведено во прашање. Морам да одам на преглед и да разговарам со моите тренери. Би било фантастично да се игра во Рим по минатогодишниот триумф, но прво треба да ја видам ситуацијата со повредата