До триесет сантиметри снег има во Поткожувјето, пет возила ги расчистуваат патиштата, информира за МИА Лазар Лазов, од фирмата задолжена од страна на општината за зимско одржување на патната мрежа во Кавадарци.

-Едно големо возило интервенира на потегот од браната Моклиште преку Витачево, до месноста Мушов Гроб. Уште едно возило се движи натаму за да чисти на тој потег, вели Лазов.

Тој додава дека три помали возила интервенираат на патиштата по кои се стигнува до неколку поткожувски села. Во овој дел на Тиквешијата, се уште има снежни врнежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 17:52