Крајниот рок на конкурсот за наградата „Роман на годината“ е 15 јануари до кога романите што ќе конкурираат треба да се доставуваат во читалницата „Славко Јаневски“ во Центар и во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ).
Романите може да се поднесуваат секој работен ден. Се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса: Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19-40-6, 1000 Скопје.
Од 1999 година изборот за наградата „Роман на годината“ го организираше редакцијата на „Утрински весник“, а по неговото згаснување од лани континуитетот на наградата го зачува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа година организирањето на изборот и доделувањето на наградата „Роман на годината“ одбележува 20-годишен јубилеј.