Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на oпштина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 00:42