Божикен концерт „Химни на Рождество Христово 2019“ ќе се одржи денеска во Мултимедијален центар, во Кратово во организација на локалната самоуправа.

Од локалната самоуправа ги повикаа жителите на Кратово и околината, како и бројните туристи кои уживаат во зимската идила во градот на кули и мостови, да присуствуваат на овој духовно – културен настан, што и годинава ќе понуди богата програма сочинета од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник Божик, во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“.

На концертот традиционално ќе учествуваат и корисници од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и ученици од основното општинско училиште „Кочо Рацин“, Влезот за концертот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 10:02