Четириесет и пет тони сол и 25 кубни метри ризла се употребени изминативе два дена, за проодност на улици и патишта во Кавадарци. Претставникот на фирмата која од општината е задолжена за зимско одржување на уличната и патна мрежа, Лазар Лазов информираше за МИА дека засега таа е целосно во функција и нема места до кои не може да се стигне.

-Сепак апелираме да не се тргнува на пат ако за тоа се нема итна потреба, со оглед на тоа што во делови од општината сеуште интензивно врне снег, рече Лазов.

Тој појасни дека ризлата се расфрла на патиштата кон селските средини. Таа не се практикува во градот за да не се запушуваат каналализациите, а на улиците во градска средина се става сол.

Од кабинетот на кавадаречкиот градоналалник Митко Јанчев, вчера информираа дека снежната покривка достигнува и до деведесет сантиметри во Поткожувјето. Денеска таму има и нови врнежи од снег.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 13:14