Во пресрет на големиот христијански празник Божик вечер во Гевгелија по 26. пат ќе се одржи традиционалната манифестација „Коледарски хепенинг“.
Покрај големиот коледарски оган, со топол чај, вино и лесна закуска, граѓаните на Гевгелија и многубројните гости кои доаѓаат од Грција ќе имаат можност да си ги честитаат празниците и да добијат бадникови гранчиња за здравје, среќа и бериќет во Новата година.
Присутните на „Коледарскиот хепенинг“, кој сите овие години претставува настан за сплотување на граѓаните на општина Гевгелија преку коледарско-бадниковата традиција, ќе ги забавуваат музички групи и пејачи од земјата.
Верни на својата традиција ќе останат и жителите на селото Негорци кои велат дека се горди на манифестацијата што ја организираат во Старец маало, затоа што за Коледе единствено кај нив се палат стари и шупливи дрва кои повеќе не вегетираат.