Скијачката сезона на Попова Шапка почнува од утре, а традиционално скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители, информираат од ЕЛЕМ Турс.

-Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата – „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Нивниот капацитет изнесува околу 1.800 скијачи за еден час, велат од ЕЛЕМ Турс.

Од сезонава како новина, додаваат, на сите патеки ќе има електронски ски билети со што се очекува намалување на метежот на жичниците и ски лифтовите.

-За двоседот „Св. Илија“ во тек се финалните работи од завршната фаза по инсталирање на опремата за контрола и управување на жичницата. Оваа жичница ќе биде ставена во функција дополнително, порачуваат од ЕЛЕМ Турс.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 21:53