Сите градски улици и патишта во Велес и велешко се проодни, а екипите на „Македонија пат“исфрлија и поголеми количества на сол и ризли низ велешките улици, информира Центарот за управување со кризи. Но, поради ниските температи и до 15 тина степени под нулата и можни подмрзнувања на коловозите од СВР Велес апелираат до возачите за внимателно возење.
-Со тоа ќе го заштитат својот и животите на останатите учесници во сообраќајот, а ги потсетуваме и да се воздржат од консумирање на алкохол кога возат, потенцира Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Претпладнево општинските власти ги расчистиле градските улици кои се во нивна надлежност со помош на екипи на ЈКП „Дервен“. Воедно екипи на ЈП „Македонија пат“ со механизација ги расчистја дел од улиците во Велес, кои се дел од регионални патни правци. Од Центарт за управување со кризи, за МИА информираат дека општина Велес утрово ангажирала механизација од фирмата „Изгрев“ која работела на расчистување на патот од село Раштани кон село Бузалково од снежни навеви и сега повторно е прооден за сообраќај. Овој патен правец општина Велес со помош на екипа на фирмата „Изгрев“ го расчистуваше и вчера поради снежни навеви на пооделни кривини од патот.