Во пресрет на вечерашното одбележување на Коледе, а согласно утврдените мерки за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, општина Велес најстрого забранува користење на несоодветни и опасни материјали како гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично при палење на коледарските огнови на било која локација во градот или во околината.
Општина Велес апелира го граѓаните коледарските огнови, кои се децениска традиција во градот, годинава да се палат во контролирана форма.
-Целта е дополнително да не се наруши и така лошиот квалитетот на амбиентниот воздух во градот, а воедно и да се намали ризикот за појава на пожар, потенцираат од службата за информирање на општина Велес.
Според нив, придржувањето кон овие мерки е придонес за поздрава животна средина и почист воздух.