Расчистени се приоритетните улици од прв и втор степен, како и тротоарните површини низ градот Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција со директорите на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“, Сашко Протогеров и Живко Тасев истакна дека во изминатите 18 часа екипите биле постојано на терен.

-Можам со сигурност да кажам дека јавните претпријатија одговорија на задачата. ЈП „Стипион“ уште од синоќа беше на терен и со своите екипи работеше и фрли преку 120 тони абразивен материјал, со што беше спречено поголемо замрзнување на коловозните ленти. ЈП „Исар“ уште рано од изутрина со 50 луѓе е на терен, со што гледаме дека тротоарите во централното градско подрачје и во поголемите населби се исчистени, вели Бочварски.

Тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни кога возат на улиците и во текот на вечерните и утринските часови, бидејќи температурите се ниски. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров забележува дека улиците од прв и втор приоритет се чисти со кашаст снег на коловозите, а во текот на утрешниот ден ќе интервенираат, односно ќе ги расчистуваат патиштата до селата. Досега, додава, немаат пријава дека има завеани села во штипскиот регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 22:22