Патиштата во Кавадаречко се проодни. Зимската служба интензивно ги расчистува патиштата и улиците од снег во Кавадарци, а последен пробиен е пристапот до село Куманичево.

Зимската служба е поделена на два дела. "Градба промет" е носител на тендерот за одржување на патиштата и улиците во зимски услови. Јавното претпријатие "Комуналец" е задолжено за чистење од снег на плоштадот, тротоарите, паркинзите и други јавни површини, соопшти градоначалникот Митко Јанчев.

Работници на "Комуналец" се 24 часа на терен со цела своја расположлива механизација и се справуваат со снегот, информираа и од претпријатието.

Како што соопшти градоначалникот, на барање на децата за да можат да се санкаат не е исчистена улицата „Бигла".

-Ја исполнивме желбата на децата од едно маало, кое е дел од тој дел на градот. Улицата остана неисчистена од снегот, за тие уште малку да уживаат во првиот снег оваа зима. Но, помисливме и на другите граѓани кои живеат таму, па ги замоливме да го користат пристапот од улицата "Доне Попов", појасни Јанчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 14:47