Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

„Во целост беше расчистено централното градско подрачје, како и реонот околу Соборниот храм, а беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на мостовите и на Старата чаршија.

Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, во зависност од временските прилики и состојбата на терен“, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/01/2019 02:01