Од поднесени 3.769 барања заклучно со 31 декември 2018 година во изминатите седум години, позитивно се решени 1.087 барања. По однос на добиените барања како што информира Звонко Атанасов, раководителот на одделението за урбанизам е постапено согласно законот за бесправно изградени објекти од 2011 година. – При изготвувањето одлуки за позитивните решенија се земени во обзир и измените и дополнувањата на законот за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објкети. Останатите 2.682 дела се во постапка, меѓу кои еден дел се одбиени поради недоставени елаборати согласно со законот, а друг дел, поради неисполнување на условите од правилникот за постапување со бесправно изградени објекти, вели Атанасов. Атанасов додава дека до архивата на општина Делчево само во 2018 година се поднесени 492 барања, од кои позитивно се решени осум, а останатите се во фаза на решавање. Со можностите на Законот за легализација на бесправно изградените објекти, како што велат од урбанизам, се решени долгогодишни проблеми на граѓаните поврзани со сопственоста, со легалитетот на објектот, имотно-правните процеси, приклучоци за добивање електрична енергија како и други комунални бенефиции.