Прилепски водовод ги санираше проблемите во водоводната мрежа и го нормализираше дотокот на вода до домаќинствата и институциите предизвикани од поларните температури во породолжениот празничен викенд.

Според Емил Јанески, директор на прилепското Јавно-комунално претпријатие „Водовод и канализација, во градот се обезбедени доволно количества вода, околу 330 литри вода во секунда, зашто поради намалената дарежливост на Студенчица, се вклучени и шест бунари.

-Во овој момент дистрибуираме доволно количества вода до граѓаните и до правните лица, односно повеќе од 330 литри вода во секунда. Што не значи дека немавме проблеми изминатиот викенд и на првиот ден на Божик. Имавме проблеми како со мрежата каде навремено ги саниравме дефектите, така и со количествата вода кои ги добивавме од Студенчица, бидејќи се работи за намалена дарежливост на изворот. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација" постојано беа на теренот. Во саботата на 5 јануари неколку часови немаше вода во дел колективни згради во населбата „Точила" поради намалениот доток на вода. Проблемот се надмина со вклучлувањето на „бустер-станиците". По два дена прекин, од денеска има вода и во колективните згради кај прилепската касарна. Имавме проблеми со дефекти во цевководната мрежа, така и со регулационите шахти, поради ниските температури и целосно се санирани. Поради, пак, напојувањето со електрична енергија, имаше проблеми и со бунарот кој со вода ги снабдува селата Веселчани и Загорани. Овие дефекти се санирани. Од регионалниот водовод „Студенчица" стигнуваат променливи количества вода, од 180 до 210 литри вода во секунда, дополнително, постојано се вклучени 6 бунари, а седмиот бунар се вклучува повремено, во зависност од потребите, објаснува Јанески.

Поради ниските температури има пријавено дефекти на 20 домашни водомери. Од прилепски водовод со апел граѓаните многу да не ги пуштаат чешмите да течат за да не се наруши дистрибуцијата на водата. Инаку, наредниот период, не се очекуваат проблеми.

-Наредниве денови не се очекувата проблеми, но може само да има намален доток. Токму поради пуштените чешми да течат, се „губат" 100 литри вода во секунда. Екипите на прилепски водовод постројано ќе бидат на терен, а граѓаните да пријавуваат какви било проблеми, вели Јанески.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 01:21