Македонската ракометна репрезентација попладнево во Минхен го одржува првиот тренинг во пресрет на почетокот на Светското првенство. Ко-домаќинот на Мундијалот, Германија, на избраниците на селекторот Раул Гонзлаес им посака добредојде и среќа за време на настапите.

Македонија се наоѓа во Б-група заедно со Хрватска, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

„Црвено-жолтите“ првенството го почнуваат утре со меч против селекцијата на Јапонија, по што следуваат натпреварите против Бахреин на 13 јануари, ден подоцна со репрезентацијата на Хрватска, на 16 против Шпанија и на 17 јануари со Исланд.

Повеќе Фотографии од првиот тренинг на македонските ракометари можете да погледнете во ФОТО сервисот на МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 14:00