Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.

Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинакво од она како ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја прилагоди приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд.

Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20. век, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убаваа дама“, како и по нејзината добротворна работа. Почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година во Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2019 16:03