Ракометната репрезентација на Македонија забележа победа над Јапонија со 38-29 (18-13) во првиот натпревар од групата „Б“ за „жолто-црвените“ на Светското првенство, кое се игра во Германија и Данска.

Избраниците на Раул Гонзалез ја потврдија фаворитската улога и одиграа добар натпревар во Берлин. Откако заостанувавме во резултатот во првите неколку минути (4-3), ја презедовме контролата над играта, а во 17 минута дојдовме и до највисоки +5 (5-10). Во нападот немавме проблеми со реализацијата и забележавме сигурен триумф.

Оваа победа беше задолжителна за нашите ракометари, кои бркаат пласман во следната фаза на натпреварувањето како една од трите најдобропласирани репрезентации во групата.

Македонија – Јапонија (ФОТО: МИА) Најпрецизен во нашиот состав беше Лазаров со 8 голови, додека Манасков го следеше со 7. Борко Ристовски беше одличен на голот со 20 одбрани. Кај поразениот тим, Ваканабе и Шида реализираа по четири гола.

За играч на натпреварот беше прогласен Стојанче Стоилов, кој реализираше 7 гола.

Во нашата група подоцна играат Исланд – Хрватска (18 часот) и Шпанија – Бахреин (20,30).

Следен меч за нашата репрезентација е во недела од 14 часот со Бахреин.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 16:56