Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по триумфот над Јапонија во првиот меч на СП 2019 попладнево изјави дека првиот меч на голем турнир секогаш е тежок, но дека се среќни од победата.

Македонија забележа победа со девет голови разлика и дојде до очекуваниот триумф, а шпанскиот стратег го посочи голманот Борко Ристовски како еден од „виновниците“ за успешниот почеток на континенталниот собир.

– Првиот меч на секој голем турнир е тежок, но среќни сме за победата. Борко бранеше фантастично во првото полувреме и ни помогна да се одлепиме. За настап на СП неопходно е голманите да се во најдобра форма. Примвме 29 голови но и покрај тоа сум задоволен од резултатот и освоените бодови. Сега го забораваме овој дуел, одиме понатаму кон следниот противник. Ова е само прв дуел и нема простор за преголемо славје, изјави Гонзалез по мечот.

Во однос на изборот на играчи, Шпанецот изјави дека играат оние што се најдобри.

– Ние имаме играчи што се поквалитетни и тие играат повеќе. Не ми е важно дали се млади или стари, туку дали одговараат на она што јас како тренер го барам од нив, додаде Раул.

Македонија вториот дуел го игра во недела од 14,00 часот против Бахреин



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 18:19