„Диско треска“ („Disco Fever“) е традиционалниот концерт што по повод празникот Василица ќе биде изведен вечер и утревечер, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе бидат изведени хитовите „Staying Alive“, „Night fever“, „Hot stuff“, „Upside down“, „Ain’t nobody“, „Dancing queen“, „That’s the way like it“, „Don’t stop till you get enough“ и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ.

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин е Кире Ѓоревски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 10:46