Мултимедијална хуманитарна забава – „ВИДИ МЕ“ денеска ќе се одржи во Скопје на која ќе настапат деца и лица од различни категории на попреченост, како и изведувачите од хорот на хуманитарна организација „Свети Спас“ – Скопје.

На забавата ќе бидат прикажани три индивидуални видео стории за успешно рехабилитирани слепи и слабовидни лица.

Забавата е дел од акцијата за обезбедување финансиски средства за изведба и одржување на „Центар за рехабилитација на деца и лица со оштетен вид“ во склоп на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. На забавата ќе биде претставен Центарот, заедно со референците за дијагностичките и рехабилитациските протоколи, а ќе бидат објавени и првите донации за негова изведба и одржување.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 10:49