Македонската ракометна репрезентација утрово го одржа својот тренинг во „Олимпик хале“ во Минхен, пред утрешниот натпревар со Бахреин.

„Жолто-црвените“ вчера остварија убедлива победа од 38-29 против тимот на Јапонија, но сепак остана впечатокот на стручната јавност дека треба да се поработи на одбраната.

Бахреин е аутсајдер во групата и се очекува втора победа на нашиот тим. Азискиот тим вчера беше убедливо поразен од фаворитот за првото место во групата – Шпанија (33-23).

Натпреварот помеѓу Македонија и Бахрен се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 15:12