Бранителот на трофејот Франција забележа убедлива победа над Србија во дербито на денешната програма на Светското ракометно првенство што с еигра во Германија и Данска.

„Триколорите“ без многу проблеми стигнаа до вториот триумф на Мундијалот и докажаа дека заедно со Германија се фаворити во А-групата и воопшто на првенството.

Резултати на натпреварите од 2.коло во групите А и Ц:

Австрија – Чиле 24:32 Русија – Кореја 34:27 Норвешка – Саудиска Арабија 40:21 Германија – Бразил 34:21 Данска – Тунис 36:22 Франција – Србија 32:21.

Табела А-група: Германија 4 бода, Франција 4, Русија 3, Србија 1, Бразил 0, Кореја 0.

Табела Ц-група: Данска 4 бода, Норвешка 4, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 0, Саудиска Арабија 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2019 11:28