Голманот на Арсенал, Петр Чех, ќе ја заврши својата кариера како професионален фудбалер на крајот на тековната сезона. За ова 36-годишниот Чешки голман информира преку својот профил на Твитер.

Ова е мојата 20-та сезона како професионален фудбалер. Поминаа две децении откако го потпишав мојот прв договор, па сега е време да објавам дека ќе ја завршам својата кариера по крајот на тековната сезона, објави Чех. Поминав 15 години во Премиер Лигата и ги освоив сите можни трофеи, чувствувам дека постигнав сè што сакав. Ќе продолжам да работиме напорно во Арсенал за да освојам уште еден трофеј оваа сезона. Со нетрпение ја очекувам можноста да дознам што ме чека на терен, додава голманот на „топџиите“.

Во тековната сезона, Чех бранеше на 12 натпревари и прима 12 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 12:36