Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со крилниот напаѓач Мејсон Гринвуд. 22-годишниот фудбалер моментално е на позајмица во Хетафе, каде ја оживеа кариерата и го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Токму поради ова, од „Олд Трафорд“ одлучија да ја активираат клаузулата во неговиот договор за негово автоматско продолжување за една година, пренесе ЕСПН.

И покрај силните настапи на Гринвуд во Хетафе, во оваа фаза тешко дека ќе се врати и ќе добие нова шанса во Манчестер Јунајтед. Наместо тоа, „црвените ѓаволи“ сакаат да го врзат на подолг период, односно до 2026 година, за на лето да го продадат за повисока цена.

Јунајтед се надева дека ќе земе помеѓу 30 и 40 милиони фунти за правата на 22-годишниот фудбалер. Интерес за него има од Јувентус, кој, сепак, тешко дека ќе извади слична сума. Сепак, од Торино би можеле да бидат подготвени да тргуваат, испраќајќи го Глисон Бремер во насока „Олд Трафорд“, а земајќи го Гринвуд плус хонорар.

Младиот англиски талент има и други опции за продолжување на кариерата. За него се вели дека го следат и Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 18:56