Жозе Мурињо е на мислење дека откажувањето на голманот на Арсенал, Петер Чех ќе биде голема загуба за фудбалот.
Поранешниот тренер на Челзи и Манчестер Јунајтед призна дека се гордее со чешкиот голман. Тие работеа долго време заедно на „Стемфорд Бриџ“.
Двајцата пристигнаа во лондонскиот клуб во текот на летото на 2004 година, а токму Мурињо беше човекот благодарение на кој голманот премина во лондонскиот тим.
Порано во текот на денешниот ден, Чех објави дека по крајот на сезоната се повлекува од активното играње фудбал..
– За мене беше голема чест да бидам менаџер на Петер Чех и тоа во раната фаза од неговата кариера, при неговите први чекори во англискиот фудбал. Неговото откажување е голема загуба за фудбалот како целина. Тој е голем професионалец. Само погледнете ја неговата статистика, како и сите негови достигнувања, одлични натпревари, суви мрежи и претставување како целина. Историјата не може да биде избришана. Она што Петер го постигнал, останува, изјави Мурињо пред „Скај Спортс“.