Во Домот на култура „Илинден” во општина Илинден денеска ќе биде отворена изложба на дела создадени на 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.
Ќе бидат претставени 30-ина слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 14 автори од Македонија и од странство.
Општина Илинден ја организира изложбата во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.